јуни 28, 2018

Скопје/Охрид, 28. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Собраниската Комисија за култура денеска, во рамки на 14. седница, треба да продолжи со надзорната расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.

Комисијата ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите сведоци од државните органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации.

Надзорната расправа е на иницијатива на владејачкото мнозинство, но е поддржана и од опозициските пратеници. Почна на 22-ри мај годинава, а целта е да обезбеди одговори од надлежните до каде се активностите за заштита на Охрид и Охридското Езеро. (Крај)

извор: Тв Сител фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука