декември 18, 2017

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува новогодишното украсување на градот и за оваа година одговорните најавуваат многу новитети во прославата.

На потегот од Бистро „Корнер“ кон плоштадот кај Чинарот е предвидена „Чоколадна улица“, а на овој дел се поставуваат и чадори, односно истата украсно „се покрива“ со чадори, по урнекот на многу поголеми градови во светот. На овој потег е предвидено и поставување на штандови со слатки производи, а најверојатно ќе има и забавна програма за најмладите.

logo20do20Ова е дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, кој е осмислен од страна на Супер радио и е роденденски подарок, во чест на 25-тиот роденден за својот град од креативниот тим на најдобрата локална радио станица во државата. Истиот опфаќа секојдневна програма на повеќе сцени во градот, со концерти, забави за најмладите, театарски претстави, Трки на келнери и Дедо Мразовци, Ден на графитите, фото изложби, промоции на книги и многу други настани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука