Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености го одбележуваат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.
Во големата сала на Општина Охрид, вчера се одржа свечена седница по повод големиот празник, со обраќање на претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, а настанот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма.
Денеска од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 155