Скопје, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Студентите во текот на ноќта ја продолжија таканаречената окупација на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во знак на револт од владините реформи во високото образование и измените со кои овој Закон се става во едногодишно мирување.
Законот за одложување вчера беше донесен во парламентот. Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба меѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи.
Студентите велат дека окупацијата нема да престане се дури надлежните не ги исполнат нивните барања. Најавено е денеска окупацијата да се прошири и на Техничките факултети, а проширување на активностите најавија и битолските студенти. (Крај)
извор: ОхридПрес/Р.С.Европа фото: архива