Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Водовод“ од Охрид веќе неколку часа работат на отстранување на големиот дефект на улицата „АСНОМ“.
– Работите ќе продолжат и во текот на ноќта, до целосно завршување со санацијата и нормализирање на водоснабдувањето, информираат од претпријатието.
Дефектот на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 300 мм) се случи денес околу 13:30 часот. Во прекин е водоснабдувањетo на улиците „AСНОМ“, дел од булевар „Туристичка“, кеј „Македонија“, „Партизанска“ и „Славеј Планина“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 83