Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат забавните настани во рамки на празничната програма „Охридска новогодишна приказна“.
Од 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз е на пат“. Низ креативна игра, интересни згоди и незгоди, актерите Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ ќе им пренесат на дечињата поучна новогодишна порака.Од 18:00 часот концерт ќе одржи групата Human при Клубот на млади на Црвен крст Охрид. Овој бенд е резултат на трудот и посветеноста на талентираните волонтери: Иво Георгиески, Теона Талевска, Мартин Мацкоски и Исидора Митреска. Од 19:00 часот во хотелот „Инекс“ традиционален новогодишен концерт ќе одржат учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Вечер на валцер и танго. Денешниот дел од програмата ќе биде заокружен со танцовиот фестивал „Охрид танцуваТ“ што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот.
Програмата „Охридска новогодишна приказна“ започна ан 24-ти и ќе трае до 31-ви декември и опфаќа 20 забавни настани, меѓу кои бројни театарски претстави, концерти, танцов фестивал и новогодишни базари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива