Продолжува уредувањето на дел од улицата „Дејан Војвода“ кај ЕВН
декември 16, 2024

Охрид, 16. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува уредување на дел од улицата „Дејан Војвода“ на потегот кај ЕВН, од пресекот со улица „Македонски просветители“ до пресекот со улицата „Абас Емин“, кое започна на почетокот на октомври годинава.

На овој потег периодов наназад се изведуваа градежни зафати за реконструкција на водводната линија и фекалната канализациона мрежа.

Со години наназад се чести дефектите на водоводната мрежа, поради што жителите од оваа и од улицата „Македонски просветители“ имаа прекин во водснабдувањето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука