Охрид, 25. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, стои во програмата на кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков.
– Пред жителите на овие населби се обврзуваме на: Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште;
Асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки; Измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница; Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”;
Изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”; Реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго“.
Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ: Партерно уредување на коритото на река Сушица; Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“; Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“.
Ние, сите заедно, со народот сме силата која единствено може да направи промени. Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31-ви октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, се наведува во соопштението на кандидатот за градоначаник Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива