Охрид, 15. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во НП Галичица и наредната година продолжува проектот Граѓанска наука.
Истиот подразбира кога јавноста доброволно помага во спроведување на некое научно истражување, каде волонтерите односно граѓанските научници собираат податоци, анализираат резултати или решаваат некој проблем.
– Во изминатиот период постигнавме голем успех. Успеавме да евидентираме 7 од зададени 13 Натура 2000 видови. Најчест пронајден вид беше ридската желка или Testudo hermanni. Семејството на Граѓанска наука броеше 50 волонтери, од кои најголем број планинари. Изработивме Прирачник за зададените 13 Натура 2000 видови и реализиравме 7 работилници. Волонтерите беа обучени за користење на мобилни апликации, а реализиравме и теренски активности за волонтерите да стекнат повеќе искуство за пронаоѓање на видовите, велат од НП Галичица.
И за следната година најавуваат нови дружби, работилници и теренски активности, а во скоро време ќе бидат објавени детални информации поврзани со пријавувањето на нови волонтери. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива