јули 2, 2017

Охрид, 2. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“, е насловот на проектот што викендов во Охрид се реализираше во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), оддел Македонија.

– На денешните завршни сесии, ќе биде извршена презентација на тема „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локална заедница“-дефинирање на основните поими и осврт на законската рамка во Република Македонија како и осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија. Меѓу другите, во рамките на проектот беа направени и осврти по темите „Основни човекови права и слободи“, „Предизвици на полицијата во врска со основните човекови права и слободи“,„Кодекс на полициската етика“ и други, информираат организаторите.

Предавачи се релевантни полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука