Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Бисер“ е новиот документарно-игран филм за препознатливиот белег на Охрид, што вечерва ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
По 89 години чувана тајна, семејствата Филеви и Талеви, заедно со продукцијата на браќата Кумеви, конечно одлучија да ја раскажат вистината за охридскиот бисер, кој ги краси грлата на крунисаните и некрунисаните дами ширум светот.
Филмот го обработува перидот од 1924 до 1930 година, кога познатиот руски емигрант Јован Субанович им ја пренел тајната за правењето на охридскиот бисер на предците на семејствата Филеви и Талеви. Оваа филмувана приказна ја презентира историјата и мистеријата на правењето и пренесувањето на рецептот за вистинскиот охридски бисер, раскажана од Субанович.
Вечерашната проекција на филмот е со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива