октомври 2, 2017

Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Филмот „Куќата на крокодилите“, наменет за најмладата публика ќе се прикажува во охридскиот Центар за култура.

Станува збор за вистинска авантура и мистерија, но истовремено е и фамилијарен филм. Наменет за деца над шест годишна возраст. Проекцијата на филмот ќе биде во среда, 4-ти октомври во 18:00 часот. Билетите по цена од 50 денари може да се купат на билетарата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Филмот е во рамки на циклусот октомви – месец на германскиот филм, што свечено ќе биде отворен на 7-ми октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука