Струга, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, утревечер ќе се одржи проекција на бугарскиот филм „Слава“, во режија на Петар Валчанов и Кристина Грозева.
„Слава“ е возбудлива реалистична драма за суровата манипулација со чесен човек и корумпираната власт. Користи два многу спротивни ликови (специјалист за комуникации наспроти некој кој воопшто не може да комуницира) за да отслика општество изопачено од измама и суровост.
Филмот досега има освоено повеќе од 32 награди на светските филмски фестивали. „Слава“ е продукција на Abraxas во копрорукција со Graal Film, Screening Emotions, Aporia Filmworks и Red Carpet, а поддржан од Бугарскиот филмски центар и Грчкиот филмски центар.
Почетокот на проекцијата е во 18:00часот, а цената на влезниот билет е 100 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива