април 12, 2017

Струга/Охрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од дела, поезија и проза запишани на парче хартија, до свој блог.

Младата Амила Исламоска е студент на Економскиот факултет на ФОН Универзитетот. Уште како мала ја имала љубовта кон книгите и пишаниот збор. Но, никогаш не собрала доволно храброст да го покаже нејзиниот труд пред другите. Пресудно ова да се промени било нејзиното пријавување на натпревар за литература, на кое добила сертификат.

Така се роди и идејата за мој блог, за она што го имам напишано, творено, да стигне до читателите, вели авторката.

amila_640x360

– Во средното училиште во кое се школував по повод 8 март секоја година се организираше натпревар од областа на литературата. Јас во тој период бев соочена со немили ситуации во моето семејство, па солзите на некој начин ги преточив на хартија. Есејот случајно или за среќа го прочитаа две мои другарки и ме пријавија на натпреварот. Така мојата приказна со пишувањето доби нова насока, рече Исламоска.

На блогот amilaisl.wordpress.com се објавени мал дел од нејзините дела, проза и поезија. Но, како што вели таа секој од нив има некакво значење. Како најважен го посочи оној пресудниот – Посакувајќи и таа да можеше да посака ,,Среќен 8ми Март, мамо!”. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука