Охрид, 23. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт по повод денот на пролетта.
15 музички таленти, хорот и оркестарот при охридската гимназија ќе изведат познати музички теми и ветуваат одлична забава за присутната публика.
Учениците се подготвуваа под менторство на професорите по музичко, Александар Димоски и Љупчо Аслимоски.
Почетокот на концертот е во 20:00 часот. Влезниците по цена од 100 денари може да се купат во галерија „Букефал“, кафе бар „Шила“, „Суна“ и на билетарата на Центарот за култура „Григор Прличев“ пред почеток на концертот. Настанот е во организација на Лајонс клубот од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25