март 6, 2017

Охрид, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег.

Особено повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.

vremenska060317– Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука