јули 3, 2017

Скопје, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неодамна беше промовирана драмата „Совршенство или смрт“ посветена на македонскиот преродбеник Григор Прличев, а автор на истата е Зоран Пејковски.

Поводот за пишување на пиесата е 125 годишнината од смртта на Прличев, кои ќе бидат одбележани следната година.

„Совршенство или смрт“ е исказ што во македонскиот духовен простор е творечки лозунг, но и препознатлив код на Григор Прличев, по многу нешта најисклучителната личност во македонскиот 19 век. „Совршенство или смрт“ е најметафоричниот драмски текст во македонската литература, пишува рецензентот проф. д-р Димитар Пандев.

Авторот Зоран Пејковски има напишано повеќе книжевно-драмски ракописи. Тој е добитник на наградата „Григор Прличев“ за 2016-та година, за поемата „Македонски Стар и Нов завет“. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука