Охрид, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Охрид беше промовирана книгата „Како го искачив К2“ на познатиот алпинист Здравко Дејановиќ.
Станува збор за личен дневник на авторот за искачувањето на технички најтешкиот врв на планетава, врвот К2. Инаку Дејановиќ е едниствен на Балканот, кој ги има искачено трите најеминентни врва на светот, највисокиот Монт Еверест, споменатиот К2 и најопасниот Анапурна 1. К2 (8,611 м.н.в) е вториот највисок врв на земјата кој е сместен во Пакистан и тој заедно со Анапурна (8,091 м.н.в) се сметаат за најтешките и најсмртоносните врвови на светот. Неговите успеси се во самиот врв на светските достигнувања во алпинизмот.
Алпинецот, на својот алпинистички поход доби смрзнатини на прстите на десната рака од четврти степен, смрзнатини на прстите на левата рака од прв степен, како и смрзнатини на прстите на нозете од прв степен. Смрзнатината е здобиена кога ја извадил ракавицата од својата десна рака за да го постави Македонското знаме на освоениот врв. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива/Славе Ќелешоски