Охрид, 7. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од чествувањата за одбележување на Денот на ослободувањето на Охрид, денес беше промовирана книгата „Охридски летопис“ од авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески.
Промотор на книгата беше новинарот и публицист Мишо Китаноски, кој во оваа прилика истакна дека делото на Митрески и Смилески претставува своевидна Охридска енциклопедија, на најзначајните појави, настани и личности од формирањето на Охрид во антиката до независноста на Македонија.
– Книгата има концизна содржина, лесно е читлива и прифатлива за пошироката публика и ќе биде драгоцена за идните истражувачи на богатото минато на Охрид, истакна Китаноски.
Делото беше поддржано од Општина Охрид со средства од годишната програма на Секторот за култура. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива