Охрид, 25. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пред наставниците од охридските основни училишта денеска беше презентиран проектот „МултиЗборко“.
Станува збор за аудиовизуелна повеќејазична едукативна апликација наменета за деца на возраст од 4 до 10 години, како и за деца со посебни потреби, со која на интерактивен начин ќе може да се стекнат со нови знаења.
Поимите се претставени со соодветна илустрација, текстуално и звучно на шест јазици.
Проектот „МултиЗборко“ е подржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија , а го имплементира ОУ „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28