Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите охриѓанчиња имаат можност да навлезат во водите на информатичките вештини, сега со промотивен попуст од 20% на детските курсеви, информираат од LIGO центарот, партнер на Центарот за компјутерски обуки Семос Едукација во Охрид.
Заинтересираните за информатичките вештини, но и слушателите на компјутерските курсеви во Охрид можат да се запознаваат со програмата и содржината на обуките, предавачите и можностите за сертифицирање на здобиените знаења.
Семос Едукација има над 300 различни видови на курсеви, а идејата и целта е во Охрид да бидат застапени што е можно повеќе од тие обуки.
Родителите дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/300-500 или ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива