Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Галеријата на Македонскиот културен центар во Скопје, денес ќе биде промовирана книгата „Извештаи на рисот“ од охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и уметникот Сергеј Андреевски.
Книгата е оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски. На 44 страници содржи дваесетина песни и исто толку цртежи, распоредени во неколку циклуси. На промоцијата ќе може да се купат и единствените 10 примероци од книгата што содржат орgигинален цртеж, потпишан од Сергеј Андреевски. За делото ќе зборува професорот Иван Џепаровски, а стихови ќе чита Арна Шијак. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21