мај 7, 2018

Охрид, 7. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, во сабота, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски.

– Станува збор за промоција на литературното првенче на Трајаноски, книга напишана од срце, со единствена цел преку запознавање на својот род да се запознае себе си, порачуваат организаорите.

slaetrajanoskirodoslovСлаве Трајаноски е роден на 12-ти март 1948 година во Охрид, во работничко семејство. Основно училиште завршува во ОУ „Григор Прличев“, а средно во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид во 1967 година. Студира на Педагошката академијиа во Скопје, а работниот век го поминува во Собранието на општина Охрид, како припадник на штабот за територијална одбрана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука