Струга, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на културната манифестација „Вевчански карневал 2017“ и денес продолжуваат пропратните културни активности.
Вечерва со почеток во18:00 часот ќе има промоција на романот „Пред шарени врати“ од авторот Косте Шутиноски. И минатата година Шутиноски учествуваше на оваа манифестација, каде беше промовирана негова книга збирка раскази.
Настанот ќе се одржи во Клубот на пензионери.
Од утре пак, започнува главниот дел на манифестацијата, како и музичката програма. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60