Охрид, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пронајден автомобил што минатата година бил украден од жител на Битола.
– На 1-ви март 2022 година во 10:35 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во близина на селото Песочани, општина Дебрца, пронајдоа патнички автомобил марка „Порше“ без регистарски ознаки, кое во текот на 2021 година било украдено од жител на Битола по што била распишана централна потерница. Возилото е обезбедено за понатамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 38