Скопје, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: информации и комуникации, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување и рударство и вадење на камен.
Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација, информации и комуникации и градежништво.
Просечната бруто плата, пак, во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4 отсто поголема од истиот месец минатата година.
Во јануари 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива