Охрид, 21. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ вечерва ќе ја прослават матурската вечер во хотел „Аквалина“.
Во петокот беше свеченоста за матурантите средните училишта – Електро машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ и од Општинското угостителско – туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.
Додека учениците од охридската гимназија годинава немаа класична матурска прослава, туку имаа замена со матурска екскурзија, која се спроведе во Хрватска.
Деновиве се прославува и во домашен амбиент, а голем број фамилии се одлучуваат да организираат свеченост за најблиските и во угостителските објекти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23