Тетово, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Не молчи, крени го гласот“ е мотото на протестот движењето „ЕкоГерила“ против енормното загадување на воздухот во Тетово.
Заедно со граѓаните ќе бараат Владата да преземе соодветни мерки за да се заштити здравјето на тетовци.
Одборот за протести на движењето „ЕкоГерила“ соопшти дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд заради одлуката на Владата за продолжување на рокот на „Југохром“ за инсталирање на потребните еко-филтри.
Тие се децидни дека досегашните протести се со цел Владата, Минсистерство за животна средина и другите релевантни институции да и наложат на фабриката да ги воведе филтрите и да ги почитуваат законите кои вредат и за сите други производни субјекти. (Крај)
извор: ОхридПрес/Нова ТВ фото: архива