Скопје, 1. ноември 2014 (ОХРИДПРЕС) – Група граѓани преку иницијативата „Удар – за Македонија се работи“ одржаа мирен протест пред Собранието.
Групата со протестот го изрази своето незадоволство, од како што велат, состојбата со слободата на говорот, медиумите, системот на вработување, казнената политика, социјалните разлики…како и генерално политиките кои ги води оваа влада.
Протестот заврши со симболично палење свеќи, а групата граѓани се огради од било каква политичка позадина на овој собир. (Крај)
извор: Утрински фото: Томислав Георгиев-Фокус