Струга, 6. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „21 век, а нема вода ни за лек“ граѓани на Струга во среда, 9-ти август, ќе протестираат пред зградата на „Проаква“.
Во најавата за протестот, тие велат дека најголемиот проблем што им се случува секое лето е недостигот на вода во одредени делови од градот. Па, на овие високи температури тие се приморани да полнат шишиња за одржување на личната хигиена.
Засегнатите жители на Струга велат секој проблем има решение, ако некој се потруди да го реши.
Протестот е заажан за 14:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18