февруари 21, 2017

Охрид, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, на факултетот за Туризам и угостителство Охрид деновиве ќе престојуваат професори од соседна Албанија.

Проф. Д-р Армела Панајоти и Проф. Д-р Дорјана Клоси од Универзитетот во Валона, Република Албанија ќе одржат предавања за студентите на ФТУ.

Предавањата ќе опфатат повеќе теми: туристички дискурс, телевизиските реклами и нивното влијание врз туризмот, потоа како културните вредности имаат влијание врз развојот на туризмот, угостителството како национално богатство. Ќе се опфатат и областите поврзани со храната, служењето на пијалоци, услужниот сектор и инфраструктурата, како значајни фактори за развојот на туризмот.

Еразмус + Координатор за ФТУ – Охрид е Проф. Д-р Ирина Петровска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука