Битола, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Не за екстерното оценување, не за студирање со ограничување, се дел од дискусиите на кои синоќа до доцна во ноќта дискутирале студентите и претставници на наставничкиот пленум од Битола во автономната зона на Техничкиот факултет.
Повеќе наставници преноќија на Техничкиот факултет во Битола заедно со студентите, кои веќе една недела се во автономната зона.
Наставнички пленум од Битола својата прва работна средба ја одржа во слободната студентска зона на Техничкиот факултет, за, како што рекоа, да ја поддржат нивната праведна, легитимна и над сè света борба за студирање без ограничувања, без небулозниот Закон за високото образование што го предлага МОН.
Студентите, пак, велат дека од наставниците добиле конструктивни предлози и анализи за законот за високо образование. (Крај)
извор: А1он/Мета фото: А1он