септември 9, 2021

Охрид, 9. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Еден професор е позитивен на Covid-19 во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.

Донесена е одлука 3 класа од трета година да одат во изолација во траење од 14 дена.

Неодамна беше одредена мерка изолација и за една паралелка од седмо одделение при ОУ „Христо Узунов“ затоа што еден ученик е позитивен на Covid-19. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука