Охрид, 10. октомври2 2024 (ОХРИДПРЕС) – Проф. д-р Анис Сефиданис од Охрид ќе биде специјален гостин на Digital Security Festival (DSF) во Италија.
– Ви го претставуваме еден од специјалните гости на новото издание на Digital Security Festival, фестивал за дигитална безбедност, порачуваат организаторите.
DSF е настан за ширење на културата и дигиталната безбедност, кој ќе се одржи од 18-ти октомври до 8-ми ноември 2024 година. Ќе се одржат 10 настани во живо, плус три online, а ќе се претстават 50 говорници кои се истакнати професионалци во својата област, институции и специјални гости.
Проф. д-р Анис Сефиданис е професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, основач на Центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии и е креатор на три аватари што комбинираат хардвер и софтвер и кои припаѓаат на полето на дигиталната хуманост. Првиот е паметниот споменик на Григор Прличев кој комбинираше холографија и вештачка интелигенција, потоа Споменикот на иднината претставен по повод празникот Св. Кирил и Методиј, а неговиот најнов проект е хуманиодниот робот, кој ќе работи како првиот Dj во светот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Сефиданис