Охрид, 24. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Проф. д-р Пере Аслимоски, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес ќе биде меѓу предавачите на отворената Меѓународна научна конференција за криминалистика, која ќе се одржи на Факултетот за безбедност – Скопје.
Конференцијата ќе биде со бројни учесници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Конференцијата ќе ја отвори Министерката за внатрешни работи на Република Македонија м-р Гордана Јанкуловска. Предавање ќе одржи и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф. д-р Оливер Бачановиќ.
На научниот собир голем број професори и научни работници ќе презентираат свои трудови и ќе дебатиртаат од областа на криминалистиката, кривичното право, безбедноста, криминологијата и другите сродни научни области барајќи одговор за сузбивање на современите форми на криминалитет.
Проф. д-р Пере Аслимоски е професор по предметот Безбедност во Туризмот на ФТУ – Охрид. (Крај/М.М)
извор: Супер радио фото: архива