февруари 9, 2015

Париз, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесуваат медиумите во франција,најбогатиот ракометен клуб во светот, ПСЖ, ќе се обиде во летниот преоден рок да ги донесе браќата Карабатиќ и познатиот тренер Звонимир Сердарушиќ.

Никола Карабатиќ има договор со Барселона до 2017 година, но според богатите сопственици на ПСЖ понуда од два милиони долари како обесштетување, ќе биде доволна каталонскиот тим да се откаже од својот најдобар играч.

Сердарушиќ, кој е прв кандидат за селекторската функција во хрватската репрезентација, во моментов е тренер на Пеј д’Екс каде настапува Лука Карабатиќ, и според многумина тој е најзаслужниот за подемот на помладиот брат. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука