Струга, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Птичјиот грип во Мороишта и околните села не е проширен, земените брисеви се негативни, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Но не се исклучува можноста болеста да се појави на друго место, која може да ја пренесат дивите птици.
Од Агенцијата за храна додаваат дека постојано се следи состојбата во струшкото село Мороишта, каде пред неколку дена беше регистриран првиот случај.
Обесштетувањето ќе почне веднаш штом сопствениците ги достават барањата за угинатата живина. Што се однесува до струшко Мороишта, таму е извршена комплетна дезинфекција.
Вкупно беа уништени и нештетно отстранети околу 1.950 единки на живина од различни видови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22