Скопје, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Skopje City Mall, Pragma продукција и City Radio заеднички ќе ја креираат плеј-листата на warm up DJ-от за престојната журка на Paul Van Dyk во Скопје.
Една од најголемите диџеј ѕвезди во светски рамки, Paul Van Dyk на трети февруари доаѓа во Метрополис Арена во Скопје. Овoj настап e дел од неговата голема светска турнеја на која овој добитник на Греми Награда ќе посети светски метрополи меѓу кои и Скопје.
За да се помогне во креирањето на плеј-листата потребно е слушателите да постираат dance хит за кој мислат дека ќе биде вистински избор за warm up диџејот на журката. Изборот треба да се постира на https://www.facebook.com/events/527081477482806/.
Од постираните песни диџеите на City Radio- Dj Bobi, DJ Branches и Dj Guardian ќе направат mix-ови кои ќе бидат поставени за гласање. Оној диџеј чиј микс ќе добие најмногу лајкови од фановите, ќе биде warm up Dj на престојната журка на Paul Van Dyk.
Исто така има и награден фонд од 20 билети, кои ќе се доделуваат по случаен избор. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива