Фредерик, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Двајца млади се повредени откако се случило пукање во училиште во американскиот град Фредерик, во Мериленд.
Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот по локално време. Во тоа време во училиштето имало кошаркарски натпревар.
Според податоците на локалниот весник “Фредерик Њуз пост” пукале четири лица, облечени во црно. Весникот забележува дека тие се уште се на слобода.
Мотивите за нападот не се откриени. (Крај)
извор: ОхридПресCNN фото: CNN
Прочитано: 26