октомври 11, 2019

Идвор/Вевчани, 11. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот градоначалник на општина Вевчани Васил Радиноски е добитник на Пупиновата медаља, за промовирање на ликот и делото на Михајло Идворски Пупин.

Наградата е доделена по повод одбележувањето 165 години од раѓањето на големиот научник, добротвор Михајло Идворски Пупин. Во неговиот роден Идвор се одржа Свечена академија на која на покана на општина Ковачица, МЗ Идвир и Фондацијата „Младен Селак“ присуствуваше и делегација на општина Вевчани, предводена од градоначалникот Сашо Јанкоски.

Image may contain: 6 people, people sitting, crowd and indoor

Image may contain: 1 person, standing and indoor

– На манифестацијата беа доделени Пупинови медаљи за различни категории. Меѓу добитниците на Пупинова медаља беше и екс градоначалникот на општина Вевчани Васил Радиноски за промовирање на ликот и делото на Михајло Идворски Пупин. Претседателот на Фондацијата „Младен Селак“, господин Божиќ, во својот поздравен говор истакна дека општина Вевчани со поставувањето на бистата на Пупин, се става на листата на места како Идвор, Блед, Њујорк во кои постои споменик на Михајло Идворски Пупин. Овие пофални зборови и самиот чин на пречек на највисоко можно ниво на делегацијата на општина Вевчани, ни даваат уште поголем поттик да ги развиваме и продлабочуваме односите помеѓу Вевчани и Идвор, како и помеѓу двата наши братски народа, вели првиот човек на Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука