Москва/Вашингтон, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот колега Барак Обама разговараа по телефон за ситуацијата во Украина и целите за постигнување на мирно решавање на акутната криза во оваа земја.
– Претседателите на Русија и САД ја истакнаа важноста на можно поскоро политичко решение на внатрешно украинските прашања по пат на дијалог, за да престанат крвопролевањата, да биде обезбедена заштитата на легитимните права и интереси на жителите на сите региони на Украина, вклучително и на југоисток, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.
Путин и Обама се договориле да одржуваат контакти на различни нивоа, за да ги усогласат позициите и приодите кон ситуацијата во Украина.
Овој разговор е пред самитот во Минск, на која четворицата лидери на Германија, Русија, Украина и Франција се среќаваат во обид да се најде решение на конфликтот во источниот дел на Украина. (Крај)
извор: АФП фото: архива