Москва, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека над Русија никој не може да има воена супериорност.
Ова Путин го изјави на Свечениот концерт по повод армискиот празник, 23 февруари.
– Никој не треба да си прави илузии дека може да постигне воена супериорност над Русија, да врши каков било притисок. За такви авантури ние секогаш ќе имаме соодветен одговор. Нашите војници и офицери се покажаа дека се подготвени да дејствуваат одлучно, смирување, професионално и мажествено, да ги исполнуваат и најтешките задачи, како што и доликува на современа армија која ги чува своите традиции, истакна Путин.
Тој посочи дека руската армија постојано се усовршува. (Крај)
извор: Интерфакс фото: архива
Прочитано: 25