News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 22, 2024

Велешта, 22. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По иницијатива на ОВР Струга, во Основното училиште „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, се одржа работен состанок со советодавната група на граѓани.

– На состанокот, покрај началникот и инспектори за превенција  во ОВР Струга, присуствуваа командирот на полициското одделение во Велешта, директорката, педагогот и психологот на училиштето, претставници на Центарот за социјални работи Струга, претставници на месната заедница од Велешта и верски претставници. Притоа, беа договорени сет превентивни мерки за навремено препознавање и пријавување на појавните форми на врсничкото насилство, зголемени превентивни безбедносни мерки од страна на наставниот кадар, нагласена контрола од училишните служби пред се’ на одморите во училиштата и во училишниот двор, интензивна координација и информирање помеѓу училиштето со полициската станица и другите надлежни служби, засилување на превентивните едукативни предавања од надлежните на тема врсничко и сајбер насилство, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека целта на состанокот била намалување на сите можни манифестации на насилство помеѓу учениците како крајно штетни и опасни појави кај младите и како да се реагира во случаи на агресивно вербално и физичко однесување помеѓу учениците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука