Охрид, 29. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надлежните служби од Охрид во вторник ќе седнат на иста маса со корисниците на урбана опрема.
Градоначалникот Јован Стојаноски и претставници на општинските служби, заедно со претставници на УЈП, Државен пазарен инспекторат и СВР Охрид ќе одржат работна средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема. На средбата со сите чинители во туристичката дејност кои користат урбана опрема ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности пред почетокот на туристичката сезона.
Средбата ќе се одржи во голамата општинска сала со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35