Работен состанок со угостителите од Струга за безбедноста во пресрет на празниците
декември 13, 2024

Струга, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од ОВР Струга вчера одржаа работен координативен состанок со претставници на хотелско-угостителските објекти од градот, како и со претставници и одговорни лица во агенции за приватно обезбедување.

– Притоа се дефинираа мерките за координирање на активностите со цел подобрување на јавниот ред и мир и севкупната безбедност на подрачјето во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници. На работната средба, претставниците на ОВР Струга посебно нагласија дека заедничката соработка е од огромно значење за обезбедување стабилна безбедносна состојба за време на празничните денови и успешно справување со нарушувањата и другите сторени прекршочни или кривични дела. Беше нагласена потребата од почитување на работното време, посебен осврт беше ставен на почитување на одредбите за присуство на малолетни лица во угостителски објекти, договорена беше тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност за поефикасно делување на целото подрачје, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука