март 22, 2017

Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес е последниот рок за аплицирање за сите претпријатија, кои сакаат да бидат дел од дводневната практична работилница за подготовка на предлог проекти, која ќе се одржи во Охрид наредниот месец.

Работилницата е наменета за претпријатија кои што веќе имаат подготвено нацрт проект за инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Работилницата ќе се одржи во Хотел „Инекс Горица“ на 8-ми и 9-ти април и ќе биде дел од петтото издание на Codefest.

Право на учество ќе имаат првите 20 претпријатија кои што пред почетокот на работилницата ќе имаат изготвено нацрт проект. Аплицирањето е на страницата: https://goo.gl/qKteyk, заклучно со денес.

Целта на работилницата е Фондот за иновации и технолошки развој да даде поддршка во градење капацитети на бизнис заедницата за изработка на предлог проекти. Фондот за иновации и технолошки развој не гарантира дека учесниците на работилницата ќе добијат и финансиска поддршка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука