февруари 8, 2023

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти февруари во инфо центарот на НП „Галичица“ ќе се одржи работилница насловена „Билки пријателки“.

Наменета е за ученици од петто до деветто одделение, а ќе имаат можност да се запознаат со видовите лековити растенија што може да се сретнат на Галичица и зошто толку се значајни микробилките, како се одгледуваат и како се консумираат.

May be an image of 2 people, people standing and text that says "билки наменета работилница за ученици од 5-то призателки до 9-то одделение ангела тасеска соработник за еколошка едукација лунпг сана бачевски дипломиран инженер по хортикултура 6 15-ти февруари (среда) 10:00ч. 10:00 инфо центар ΗΠгаличица- велестовски пат бб, охрид www.galicica.org.mk"

– Во овие студени денови ова е одличен момент да им посветиме внимание на растенијата, особено на оние со лековито дејство, кои ни се најдобри пријатели во текот на зимата и често ги консумираме, но и за растенијата наречени микробилки, кои се во првата фаза од растот и развојот, велат од установата.

Предавачи ќе бидат Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација и Сања Бачевски, дипломиран инженер по хортикултура.

Заинтересираните ученици може да се пријават на -mail: [email protected] или во порака на официјалната Facebook страна на паркот. Работилницата ќе започне во 10:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука