Охрид, 17. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Црвениот крст на Република Македонија во текот на месец ноември го насочува вниманието кон заштитата од болестите на зависност од алхохол, пушење и психоактивни супстанци.
Денес во поголемиот дел од светот, исто така и кај нас, злоупотребата на дрогите, алхохолот и пушењето се во пораст и нивните општи и специфични карактеристики се условени од одделни општествени културни економски социјални и географски можности.
Учениците од осмите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид зедоа учество на работилницата која беше проследена со големо внимание и која успешно се реализира.
– Болестите на зависност остануваат актуелен проблем како од медицинска, социјална така и од општествена гледна точка, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива