октомври 25, 2019

Охрид, 25. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид на 8-ми и 9-ти ноември ќе биде домаќин на дводневна работилница за размена на искуства за развој на иновации на мали и средни претпријатија на тема „National experience exchange workshop on SME’s innovation development approach“.

Работилницата се одржува во рамки на проектот „Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“ („Innovation Hub: Comparative Advantage for Greater Competitiveness“).

Ќе присуствуваат 150 учесници од трите региони (Велешки, Скопски и Североисточен регион). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука