Охрид, 23. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела во Охрид ќе се одржува „Работилница со Моханџи”.
Оваа работилница нуди можност повторно и длабоко да се поврзете со себе, да искусите мир и да добиете одговори на вашите прашања директно од духовниот учител Моханџи, велат од тимот на Моханџи Македонија.
– Во текот на овие неколку денови ќе се практикуваат вежби на дишење (пранајама), духовни техники за внатрешно прочистување под директно водство на Моханџи, исто така ќе се практикуваат медитациите „Моќта на Чистотата”, „360 степени”, „Цутење на Љубовта”, “Блаженство на Тишината” и динамичката медитација “Свесно одење”. Ќе имате несекојдневна можност да бидете во присуството на Моханџи кое само по себе носи длабока трансформација, додаваат оттаму.
Ќе се практикуваат јога вежби под водство на инструкторката Деви Мохан по програмата на Хималајската школа по традиционална јога.
Главен фокус на работилницата ќе биде детоксикација на сите нивоа низ секој од петте елементи кои го сочинуваат нашето тело:
– целуларно ниво: низ супер интензивното „свесно дишење” на Моханџи, како и низ другите Пранајами и Шаткарма техники
– физичко ниво: низ јога асани, свесно одење, внимателно одбрана веганска храна и утринска терапија со вода
– емоционално ниво: низ медитација, тишина, благословување и простување влегуваме во безусловна љубов.
Работилницата ќе се одржува во хотелот „Инекс Горица“ од 29-ти ноември, со почеток во 18:00 часот, се до 2-ри декември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива